Детско катче Приказни за деца

Дожд – Ванчо Полазаревски

Веселиот дожд тукушто ја почна својата игра со тротоарот. Капките требаше убаво да го светнат. Но, не толку многу за да се засрами и сонцето да погледне во него.
А, минувачите си минуваа и си имаа свое мислење за временските прилики.
– Хм, нтересно. Може да се каже хартиен и лесен чадор и еден снаодилив чичко, – си помисли Горан.
Чичко Филип размислуваше за нешто друго:
– Да имаше весници за кучиња и мојот Милко ќе имаше чадор. Како мојот, а вака…
Само кутрето Милко весело шлапкаше по улицата и погледнуваше кон облаците. Кучешкиот ум му беше обземен со посебни мисли:
– Дожд, снег… такво е ова небо над нас. Не сум толку наивен, па да помислам дека може да заврнат и коски. Сепак, Милка еднаш ме уверуваше дека во некоја книга прочитала… и имало и такви работи. Хм, треба да се чита, да се чита…
И кој да поверува дека едно кутре може да размислува на ваков начин?
Можеби вие, деца?

Ванчо Полазаревски,
Ден и ноќ

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје