Немирна душа

Празен е листот, не знае да каже ни збор

А јас венеам за да излезам од мојот понор

Само ти знаеш за мојот  помисол безумен

И чекаш да се потпрам на патот земен.

О, кој ти ја дал оваа чиста боја

Да ја очистиш душава моја

Да насликаш срце во мојава душа

Која веќе не можам ни да ја слушам?

Знам дека бојата може да го разгневи гневот

Да ја разбуди страста

Но твојата е чиста

И проѕирна како солза красна.

Постојано стои на ивицата од небесава моја

И чека погоден момент

Да го облагодари сладострасието во кое тонам

И тоа ќе биде набргу знам мој мил немирко син.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?