Светот на дланка

Го чувам,
за да не го снема,
да нѐ ни го украдат,
да не го уништат,
да не потонеме во заборав
како што испарува водата
од реките, морињата.


Го чувам како последна капка
во пустина,
како редок вид животно
во изумирање.


Го чувам внимателно,
за да не се слизне,
за да го имаме,
да го подобриме,
да го разубавиме
како мајка штотуку породена,
расцвеатана од убост и принова.


Светот ми е на дланка,
птиците уште се на својата гранка,
им ја слушам мелодијата,
тажна е симфонијата
на луѓето околу,
во која се пее за слобода,
за подобар свет е нашата борба!


Светот ми е на дланка,
нема паѓање во ментална замка,
не верувам во лаги и измислици,
одбивам да ставам очен превез и лисици.

Наталија Наумовска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?