Дали знаеш паметвиш

Народната поезија има посебен драж. Таа е нашето непроценливо богатство.

Уживајте во оваа прекрасна македонска песна!

Каранфиљо, фиљ – фиљо,

Али знаеш паметфиш,

Кога двајца играфме,

Во таткоа ти градина,

Под бел, црвен треднафиљ,

Ѓувезија карафиљ?

Трендафиљ ми цутеше

На нас ни се лееше,

Како чаша фиќија,

Полна – рамна ракија,

До полоина маѓија:

Раќијата за мене,

Маѓијата за тебе,

Да се свртиш кон мене,

Да т’ го видам лицето,

Да т’целивам очите!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?