Кучето Тоби

Кучето на Ања Тоби се вика,
Покрај него таа од среќа блика.
Ушињата и ноџињата таа му ги мие
А, тоа секогаш во скутот ѝ спие.

Тоби  сака коски и мевце да јаде
Ања некогаш и чоколадо знае да му даде.
Си играат заедно весело и гласно
Нејзиното е најубаво куче во светот
На сите да ви биде јасно!

Таа му чита приказни и песни му пее
А, Тоби со мил, светкав поглед
И со високо кренато опавче
Само се гали и се смее.

Кучето на Ања трчка и лае
Да игра со топка исто така знае.
Ајде дечиња да ве чујам,
Кажете ја вашата песна
Оваа е многу весела и лесна!

Наталија Наумовска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?