Литература Македонска поезија Поезија

Жена

Sub protestate viri eris

Контролирана од зборовите речени од небесата

Зошто си заречена за непокор

И злото дека навира од тебе

И ќе бидеш изложена на срам

За секој речен збор и секој неспознаен поглед

За секој обид да излезеш од она што треба да биде круг

За секој обид да излезеш она што треба да биде простор

За секој обид да излезеш од она што треба да биде живот

Кој го посакуваш во соништата

Зошто таму го живееш животот

Каде гордо чекориш

И знаеш слободата е во облаците

Само ја пресретнуваш во друго време

И во друг простор

Онаму каде не постои човек

Онаму каде сите соништа се само твои

И само ти можеш да ги оставaриш.

Затоа што си жена!

Сама ќе ги оствариш!

Зошто способноста да победиш

Лежи само во тебе!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје