Проза

Направи од болката ремек-дело

Никој не може да спречи да се случуваат лоши работи во животот. Болката понекогаш доаѓа во бранови и доста гласно, а понекогаш сосема нечујно се шмугнува во нашите срца. Таму останува да расте, каде дури ние ниту забележуваме дека е таму. Без да знаеме дека таа постепено се развива во нас и го обвива целото срце, ние се смееме, сакаме да ја поттиснеме длабоко во нас мислејќи дека така ќе исчезне. Сакаме да ја загушиме, а ние всушност само уште повеќе ја разгоруваме со тоа. Се трудиме да изгледа што посреќно кога всушност најмногу боли. Се обидуваме да бидеме силни. Ох силни да бидеме, кога сме најранливи. Но еден ден, кога сончевите зраци ќе се вселат низ прозорецот, ќе почувствуваме дека немаме повеќе сила  ниту волја да го криеме тој непријател во нас, далеку од светот и неговите уши. Дури во тој миг на наедостаток на сила, ние забележуваме дека болката нараснала во нас, а ние целото време сме ѝ помагале во тоа. Сме се убивале себеси додека сме мислеле дека се спасуваме со молчењето и нејзиното криење. Сме ја полевале толку долго со молчење, та сега гледаме дека пуштила корења низ целата душа. Полека го цица срцето, душата крвари, а ние веќе подоцна сме собрале храброст за да се сочиме со сето тоа. Тогаш не сакаме да станеме од креветот, одбиваме да се бориме. Но забораваме дека сè уште имаме шанса. Имаме шанса да се излечиме од болката. Имаме шанса да ги залечиме раните, да ставиме мевлем, да направиме нешто. Имаме шанса да оздравиме. Забораваме во тие мигови поради недостаток на сила, дека сепак имаме со што да се бориме. Забораваме и моментално се предаваме на болката, та и дозволуваме уште повеќе да конзумира од нас. Но токму тогаш е клучниот миг. Или ќе дозволиш болката да те проголта, да те освои во целост или од неа ќе направиш едно ремек-дело.

Од болката мижеш да го извадиш и најдоброто само доколку смогнеш малку сила токму во тој миг да се соочиш со твојот единствен пораз. Само доколу навистина ја привфатиш болката, доколку погледнеш во нејзините очи, доколку раскажеш за неа, ти ќе се спасиш. Но доколку бегаш, само ќе направиш штета за своето срце, а таа сè повеќе ќе расте сè додека не те осови целосно. Затоа мора да се бориш против неа.

Проговори за болката и помогни и на твојата душа да се спаси.

Направи од болката едно ремек-дело, кое сeкогаш ќе стои на полицата на твоето срце и ќе те потсетува за твојата сила и големина.

Автор: Викторија Саздовска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје