Црна се чума зададе

Една од најпознатите народни песни опеани за нашиот херој и револуционер, поборник за македонска независност и социјална правда Гоце Делчев кој загинал на денешен ден 1903 година во селото Баница.

Дали има понесреќен народ од македонскиот? Дали некој друг народ страдал од предавства како македонскиот? Македонија, оваа жална земја се потсетува на големиот македонски син Гоце Делчев секој 4 мај и да посакаме да се избавиме од црните чуми кои постојано не напаѓаат од сите страни, конечно да се избориме за нашата слобода.

Црна се чума зададе

там долу Демир Капија

там жална Македонија.

Кој ќе се јунак одбере

чумата да ја пропади?

Избрал се Делчев, Гоце војвода,

он ојде в Македонија,

чумата да ја пропади

од жална Македонија.

Кој иде горе низ гора,

дал ми се Турци поганци?

Не ми се Турци поганци,

тук ми се одбор дружина,

ранет ми другар носеа.

Со куршум јунак пронижан

од лева страна во срце,

млад Делчев, Гоце војвода.

Делчев дружина говори:

—Дружино, верна зговорна,

вие ќе утре врвите,

кому ќе ме оставите,

водичка да ми подаде,

срцето да си разладам,

устата да си расвкасам?

Дружино, мои комити,

кога ќе вие минете

низ моја града Кукуша,

мајка ми ќе ве пречека,

за мене ќе ве опита:

—Дека е Делчев војвода?

вие нејзе ќе и кажете:

—Делчев се јунак посврши,

за црна земја робинка.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?