По повод Денот на училиштето, ОУ”Д-р Владимир Полежиноски” и литературно-новинарската и ликовната секција, распишуваат
ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС
за учениците и нивните родители
На тема:”МОЕТО УЧИЛИШТЕ“
На литературниот и ликовниот конкурс право на учество имаат учениците од I до V одделение и нивните родители,
како и учениците од VI до IX и нивните родители, како две конкуренции: Одделенска и предметна настава.
Литературните и ликовните творби треба да бидат предадени под шифра и да е назначено учениците дали се од одделенска или преднетна настава, исто така и творбите од родителите да бидат под шифра и назначени дали се родители на ученик од одделенска или предметна настава.
Шифрата и конкуренцијата во која учествувате да бидат напишани на самата творба од задната страна.
Творбите се доставуваат во училиштето секој работен ден од 9 до 18 часот или по пошта на адреса: ул “Арсо војвода” б.б. со назнака – за литературен и ликовен конкурс по повод денот на училиштето.
Творбите треба да бидат доставени најдоцна до вторник 19.05.2020 година до 18 часот.
Истите ќе бидат разгледани од страна на училишната комисија и ќе бидат наградени со I, II и III награда за учениците и I, II и III награда за родителите, за литературни и ликовни творби, посебно за одделенска настава и предметна настава.
За резултатите ќе бидете известени дополнително тука на нашиот фејсбук профил.
*Преземено од нивниот фејсбук профил (кој е линкуван).
ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“ има статус на самостојно училиште и е лоцирано на улица „Арсо Војвода“ бб во Кичево. Составено е од една главна зграда на два ката и една спортска сала во дворот на училиштето во кој се сместени и две игралишта.
Училиштето е изградено и пуштено во употреба во 1982 година под името „Видое Смилески-Бато“.По осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година училиштето го добива новото име во чест на истакнатиот наш сограѓанин Господинот Владимир Полежиноски -револуционер и општествен работник од времето по Втората Светска Војна.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2020/05/konkurs-na-tema-moeto-uchilishte-organiziran-od-ou-d-r-vladimir-polezhinoski.jpg?resize=556%2C556&ssl=1)
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.