Чувства на хартија – Никола Миланоски

Од длабините на срцево
и поривот на мислите за тебе
создадени зборови
од чувства неописливи
љубов
зборови фрлени на хартијава
создадени стихови
со чувства втиснати во нив
тие ќе останат како сведоци
за таа големата љубов
потајно што со шепот
би ти ги читал понекогаш,
а тие лути ветришта
невидено што ќе дуваат
не ќе успеат во намерата
мисливе пак кај тебе остануваат,
ако пак се вселам некогаш
во сочноста на усните твои
вулканска лава во очиве ќе ми видиш
пристап да имам
корени во срцето да ти пуштам
да останам
така навлезен со погледот
во твојата убавина
да не го препознавам
ниту својот лик
да не се приберам
од воздишките
на трепетот од твојата дланка
некогаш
во некоја светлост од иднината
или можеби
само на сон во ноќите.
11.04.2020

Автор: Никола Миланоски

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!