Исчезната љубов

Не знаев дека има пекол во твоите очи

Син пекол кој не може да ја изгори

Зелената ледина на моите,

Но, се обиде да ме заслепиш

Со твојот немирен поглед

Кој се смееше без да каже збор

И тогаш ми кажа сѐ,

Ми кажа дека југот и северот

Може да се сретнат само во центарот на земјата

Онаму каде живееат Инките

Кои веќе исчезнале

И знаев дека и нашата љубов

Ќе исчезне

Не можејќи да го издржи

Студот на сенките од моите планински врвови

Кои натежнале во мојата топла ледина

А ти влечен од Голфската струја

Кон островските дождови

Имаше синило кое

Ги  гаси сите сонца

И пеколот само тлееше во очите ти

Кои не беа доволни

За да ја изгорат мојата трева

Која беше нараснала

Под сенките на заборавот.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?