Се насмевна и ми го украде срцето,
се насмевна и ми ја зароби душата.
Доволно за да се заљубам,
да се заљубам, а да не ја познавам.
Камо да имам среќа пак да ја видам,
камо да имам храброст да и пријдам.
Доволно за да ја запознаам,
да ја запознаам, а да не ја бакнувам.
Да се случи чудо, таа да се заљуби,
да се случи чудо, по мене да полуди.
Доволно за да се радувам,
да се радувам, а да не тагувам.
Сè што сака за неа би направил,
сè што сака нејзи би ѝ подарил.
Доволно за да ми се насмевне,
да ми се насмевне, а друг да не погледне.
Ако сака безброј рози ќе ѝ дадам,
ако сака ѕвезди од небото ќе украдам.
Доволно за вечно да ја љубам,
да ја љубам, а не без неа да се будам.
Таа девојка љубов несудена,
таа девојка желба голема.
Доволно за да ја сонувам,
да ја сонувам, а да не ја милувам.
Јасмина Михајлоска