Конкурс за необјавена песна организиран од поетската манифестација “Охридски поетски бисер”

На официјланата објава за манифестацијата и конкурсот на фб настанот, организаторот Митре Мангоски Радождански го соопштува следното (ја пренесуваме оригиналната објава).

Почитувани љубители на поезијата, драги поетеси и поети!
Оваа година е мал јубилеј – пет години од постоењето на поетската манифестација “Охридски поетски бисер”, по кој повод организацискиот одбор на манифестацијата распишува конкурс за необјавена песна, со максимален број од 25 стихови, пишувана со кирилично писмо, лекторирана, слободна тема.
Песните да се испраќаат на имеил: [email protected]
најдоцна до 15.06.2020 година.
За датумот, местото и времето на одржување ќе бидете дополнително известени согласно актуелната состојба со вирусот “Ковид 19” и препораките на надлежните институции.

Директен линк до фб настанот.

 
close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?