На Мартовските Иди

Во пресрет на Мартовските Иди,

како императорот тонам,

очајувам,

дојди, бакни и види.

Ги гонам светлината и среќата,

а за нив сонам,

за нив дишам и живеам,

а пред сите останати едвај чекам да ги исмеам.

Veni,

veni, vidi, cecidit in amore sunt,

veni,

чувствувам дека ќе се крене бунт.

Не сакам сама да војувам,

што ќе ми е царството ако дишам, а не опстојувам?

На Мартовските Иди ова е поезија,

и не, не е поклонување на Цезар,

туку белезија

одвнатре покриена со љубов,

а однадвор со презир.

Veni ad astra, semper dissolubilia.

amor meus,

на Мартовските Иди, до мене биди и спаси ми го животот од роднини блиски,

а потоа на тронот до мене,

чаша вино со мене испиј.

Venis astra,

на Мартовските Иди божица,

на обичните смртници нејасна.

дојди, види, победи!

Изгасни ја жарта на целава оваа бесмислица,

срцево наместо Брут, ти прободи, зошто не

можам пусти да ги оставам овие бели, тажни дворови.

Veni, vidi,

разбери ме,

Купидон, затегни ја стрелата – избери ме.

Па Мартовските Иди да добијат ново значење,

од империјата смеа да се слуша наместо плачење.

Од “Дневникот на една будала“

       Анастасија Лефкоска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!