Прашав што е љубов?
Тоа е среќа ми рекоа.
Најубаво чувство,
да сакаш и да бидеш сакан.
Прашав што е љубов?
Тоа е тага ми рекоа.
Најлошо чувство,
да плачеш и да болуваш.
Прашав што е љубов?
Тоа е бајка ми рекоа.
Романтична приказна,
од оние со среќен крај.
Прашав што е љубов?
Тоа е лага ми рекоа.
Приказна со многу фантазија,
од оние за мали деца.
Ме прашаа што е љубов?
Тоа е прашање без одговор им реков.
Комплицирана ситуација,
секој има различна дефиниција.
Јасмина Михајлоска
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/krajbrezje.mk_.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)