До читателот – Софија Петковска

Живеам за да творам.

Пишувам за да живеам.

Откинувам дел по дел од мојата душа

на празна хартија

и со перо в рака

љубам,

се радувам,

фантазирам,

крварам до болка.

О, Хемингвеј,

ти најдобро знаеш за што говорам.

Чувствата ги везам,

збор по збор,

приказна раскажувам,

за мене,

за тебе,

за животот.

Во различни светови потонувам,

на времето му пркосам,

тајни порти отворам

и силно посакувам

на зборовите да се вдахне живот,

плетенка од емоции да се стори,

стиховите да не прегрнат

та заедно да јуришаме на светлоста од денот.

Софија Петковска

 
close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели