Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Домот мој – Софија Петковска

Камен куќа да имам,

цврста ко карпа,

ко олово тешка,

па во неа да си седнам мирно,

со скрстени нозе топол чај да се напијам

и без грижи на душава да бидам,

книга да прочитам,

песна да напишам.

Голем чардак да имам,

со цвеќиња китен,

па на него да излезам,

кафе на раат да испијам

и еден локум да изедам,

душа да засладам,

животот да го заблажам,

срце на место да ми дојде.

Куќа, дом да имам,

крилја да ми даде,

па со нив да полетам,

а в мисли домот мој да биде

и копнежливо да чекам

за пак да се вратам при него.

Куќа, дом да имам,

корен да ми даде,

дрво да се сторам,

длабоки траги да оставам

по кои гордо ќе ме памети

мојата ми челад.

Дом – топлина,

дом – светлина.

Камен куќа да имам,

та в гради каменот да го скрши,

а секоја одаја да мириса на љубов.

Автор: Софија Петковска

Фејсбук страна – Поезија на Софија

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје