Самрак

Самрак во просторот.

Ги снемува последните нишки сончевина.

Облаците се разлеваат како пена без сјај.

Ги нема твоите очи.

Молчешкум го искраднувам  твојот поглед

Од последните спомени.

Замирисува на свежина,

Ноќва ќе ме гледаш низ

Призмата на спарниот воздух.

Ќе го искраднеш мојот поглед

Од пајажината на плетените сеќавања

Ќе се сретнеме во недоглед

И ќе си кажеме сé што треба

Да си кажат љубовниците

Кои живеат во сеќавањата.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?