Ева имаше кукла што правеше врева,
кога ќе стиснеш на едно копче
таа почнуваше силно да плаче,
а Ева многу го мразеше тој звук.
Нејзината кукла се викаше Зои,
нејзе никој годините
не можеше да ѝ ги брои,
беше модерна и тенка,
чиниш е права манекенка.
Вревата со притискање на друго копче
се заменуваше со песна,
и тогаш тие две беа најдобри другарки
и играта тогаш беше весела, лесна!
Еве имаше кукла што правеше врева,
ја носеше со себе и по снег и на трева,
двете секаде одеа заедно и сложно
да ги видиш разделени не беше можно.
Три годинки ќе слави Ева,
годинава, не е никаква шега,
а за нејзиниот роденден си посака
весела и бучна детска врева!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.