Време е за дневна доза поезија! Уживајте во читањето на стиховите од Рандранат Тагоре што беа денешен избор!
Се сеќавам на еден ден – Рабиндранат Тагоре
Се сеќавам на еден ден од своето детсво,
кога го спуштив чамчето од хартија во потокот да плови.
Беше влажен јулски ден; а јас бев сам и среќен во играта своја.
Го пуштив своето чамче од хартија во потокот да плови.
Одеднаш почнаа да се трупаат буревесни облаци, ветерот дуваше во бранови и плискаше дожд.
Шурнаа поточиња со валкана вода, рекичката набуи, и моето чамче потона.
Мислев горко дека виорот дојде само за да ја уништи мојата среќа;
сета негова пакост само на мене се однесуваше.
Облачниот јулски ден трае и денес, и јас размислувам за сите игри вo својот живот во кои губев.
Почнав да ја прекорувам својата судба за многуте пакости, кога
на ум ми падна чамчето што во потокот потона.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.