Skip to content

Трпеливоста е доблест на секого – Благица Бунтеска

  • by

11.6.2020

Секој човек понекогаш има свои здравствени проблеми има потреба и помош од доктор, во зависност од што е потребата. Имено, приказнава се случува во еден убав сончев ден во Очното одделениe, Медицинскиот центар ”Борка Талески” – Прилеп. Mногу пациенти чекаа на ред, како и секогаш во истото одделение, од околните села или град Прилеп. Тука чекаше и малиот две годишен Александар со неговата мајка, кој требаше да биде прегледан од почитуваниот очен доктор.

Младата мајка видно загрижена за своето синче, воедно и добро припремена со неопходно потребни работи за нејзиното чедо, за времето додека чека. Како прво и основно најпотребно ѝ беше пластичното шише со пресно млекце, кое од време на време го побаруваше малиот Александар, кој иако мало дете на моменти беше видно вознемиренo. Повремено поплакуваше, а неговата мајка го смируваше со млекцето во пластичното шише, иако беше ладно. Неговата мајка, беше убава, со долга и плава коса, зелени и крупни очи. Повремено како да се срамеше од кенкањето и заплакувањето на нејзиното синче, му даваше ладно млекце за да се смири. Го смируваше со нејзиниот мобилен телефон, покажувајќи му некои детски интересни сликички. Исто така почесто излегуваше од чекалната во коридорот, за да го смири.

Присутните во чекалната трпеливо чекаа на ред да ги повика културната медицинска сестра Рената, која беше на шалтер во очното одделение. Таа го сожалуваше најмалиот пациент Александар и неговата мајка, кои мораа да чекаат на ред. Принцип си е принцип, за сите мора да биде исто. Трпеливо да си го чека секој својот ред. Таа дисциплина ја нема секаде, во многу институции, а потребно е да ја имаме таа трпеливост, совест и разбирање. Повремено излегуваше во коридорот да го прошета, а тоа беше уморно и поспано. Наводно и оправдано да биде така нервозно мало дете. Хуманата сестра Рената, која беше толку умерена тивка, со сите присутни пациенти, која ѝ рече на младата мајка, ќе те повикам лично јас, прошетај го, смири си го детето.

Веќе беше повикан малиот Александар да влезе за преглед кај почитуваниот очен доктор. Кога го завршија прегледот малиот Александар цврсто си го држеше пластичното шише со ладно млекце, во своите рачиња како најголема негова утеха. Заминаа среќни и весели, видно задоволни кон својот дом. Да се најде во неговото мало креветче, да се одмори од напорниот ден што претстоеше пред него.

На ред веќе беше стариот дедо со бастум во една рака, а во другата мала ташничка со негова документација. Повторно трпеливата медицинска сестра Рената, спокојна, достоинствена го повика возрасниот дедо да влезе на преглед кај очниот доктор. Жалосна глетка, стариот дедо цврсто потпирајќи се на бастумот влезе кај докторот, кој видно имаше и слаб слух бидејќи се слушаше силно разговорот помеѓу дедото и докторот. Жалосно за тој стар човек, кој луташе сам по вратите без никаква придружба, а со оштетен вид и слух.

Хуманата сестра Рената го упатуваше и со нејзина помош ја заврши својата работа. Кога сѐ беше завршено медицинскта сестра го покани дедото да седне во чекалната и да почека да се завршат сите компјутерски и административни обврски на докторот и сестрата. На крај, беше испратен со сдрдечен поздрав од Рената, милно пожелувајќи му среќен пат. Таа на ист начин се обраќаше со секој еден пациент. Стварно, за секаква пофалба беше сестрата Рената за нејзината трпеливост, култура, достоинство спрема секој присутен пациент.

Ова нејзино прекрасно однесување би требало да послужи за пример на секаде во сите одделенија на сите пациенти. И во сите институции каде се обраќаат најразлични категории на луѓе на којшто им е потребна неопходна помош секојдневно. Сите кои што ги посетуваат овие институции, потребно е да бидат примени и услужени на највисоко ниво, независно кој е и од каде е.

Така да истите е потребно да заминат задоволни од приемот и услугата и помошта која им е пружена од страна на поставените за извршување на своите работни задачи. Тие ќе заминат со едно големо БЛАГОДАРАМ. ДА СТЕ ЗДРАВИ И ЖИВИ, СРЕЌА ДА ВЕ ПРАТИ СЕКОГАШ. НЕЛИ ЕДЕН ТАКОВ БЛАГОСЛОВ Е ПРЕГОЛЕМ, ЗА СЕКОГО И СЕКОГАШ.

Благица Бунтеска

Напишете коментар