Skip to content

Македонскиот син

Успеа да ја извајаш најубавата песна
Уметноста стана национална свесност,
Преродба на нацијата
На која ти беше нејзин најголем син
Со срце големо да го собере целиот свет
Да ја измери секоја капка пот
Пролена за туѓата среќа,
Да ја измери секоја капка крв
Пролеана за сите наши слободи,
Да ги открие сите  тајни на темните македонски гори
Каде ги скриле своите чисти извори
За јунаците да ги лечат своите лути рани
Во утра кои носат росни влаги.
Цел свет ти беше куќа братска
И ќе светне нов ден
Ќе донесе среќа катаден
Вечно ќе се слави твоето име
Во градот на ѓемиџиите.
Слави ти!

Напишете коментар