Охрид

На Канео се бојат најубавите бои

Во борот на врвот над ридините

Се пламни духот на Прличев

За да ги искрадне воздишките на висорамнините

Каде залутале погледите на воспеаните јунаци

За да го врати сјајот на родоначалниците

На македонското сонце

Кое се разбудило од под тврдините на Самоил

И се уште се крие

Од уздите на клетниците,

Замајано од боровата шума

Се расонува во прегратките на учителите

Кои го донесоа словенското писмо

И денес се радуваме слушајќи го срцето на Свети Наум

кое отчукува во седум-осмински такт ,

Ги белиме платната во твоето езеро

За да не може да се види дамката во нашите срца

И ти си жив сведок за нашето постоење

И победник во нашата борба за опстој.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?