Да ослепам,
па кога ќе дојдеш да прогледам,
кога ќе ни се допрат очите да побегнам,
Кога ќе умирам последен пат по тебе да посегнам.
Да ослепам, да се затворам,
во слеп поет да се претворам,
казната на боговите да ја издржам,
на хартија в темнина сѐ да ти искажам.
Да ослепам, да лутам,
да ме водат,
нозеве пак кај тебе да одат,
да ти чукнам на тие бели дворови,
да те маѓепсам со зборови,
Да ослепам,
кога ќе ме допреш да прогледам,
засолниште да побарам,
на сѐ што те мачи да ти одговорам.
Да ослепам,
светлина да не видам,
на бојно поле за тебе да погинам,
да ослепам, да умрам и да се преродам,
цел свет со кучиња да го изодам,
да те барам очајно,
да те пронајдам тајно.
Да ослепам,
па кога ќе те најдам да прогледам,
кога ќе ни се допрат очите да полетам,
кога ќе почнам навистина среќно да живеам
да запеам.