Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Обид за хаику песни од Снежана Паноска

Велат кој ќе напише 5 хаику песни е хаику поет, а оној кој ќе напише 10 е мајстор. Ние ве предизвикавме да напишете и да ни ги испратите вашите обиди за ваков вид поезија. На наше огромно задоволство веќе ни пристигнаа, не пет, туку десет песни од поетесата и автор Снежана Паноска. Ние ви ги пренесуваме во целост, а вие уживајте во читањето!

Над градот смрзнат
облаци од чад
се гушиме

Ќе заврне дожд
се надевам оти
се угушивме

Црвена роза
подадена рака
Љубов ли е?

Мракот ги крие
новите љубовници
измамени сме

Јас во твоето око
ти во нејзино срце
солза трепери

Две раце
две бурми вкрстени
не е брак

Мракот ме гуши
студена постела
нема љубов

Низ градот смрзнат
огнови горат
Коледе иде

Рацете наши
две чаши ќе држат
немо ќе љубат

Виното грее
нозете ладни ми се
љубов ме тресе

Автор: Снежана Паноска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје