Жан Пол Сартр (21 јуни 1905 година, Париз – 15 април 1980, Париз, Франција) е еден од водечките филозофи на егзистенцијализмот. Тој бил француски филозоф, писател (драматург и романописец) како и критичар од XX век. Неговото дело ја одбележа средината на векот. Неговиот интелектуален ангажиран живот поттикнал разни полемики.
Филозофијата на Сартр
Тој самиот својата филозофија ја нарекол егзистенцијалистичка, во согласност со неговиот познат став дека егзистенцијата ѝ претходи на есенцијата. Основата за Сартровиот егзистенцијализам се родила во неговото дело Трансценденција на Егото. Секоја директна свест за нештата во себе Сартр ја нарекува „предрефлективна свест“. Секој обид да се опише или разбере нештото во себе, Сартр го нарекува „рефлективна свест“.
Не постои начин рефлективната свест да ја вклучи предрефлективната, и поради тоа рефлексијата е осудена на тегобност. Од што произлегува дека секој кој обид за самоспознавање (самосвест) секогаш ќе биде неуспешен. Според Сартр, на самосвеста ѝ се потребни „другите“ за да може да го покаже своето постоење.
Свеста има „мазохистичка желба“ да биде ограничена т.е. ограничена од рефлективната свест на друг субјект. Ова размислување метафорички го изразил во познатата реченица од делото Без излез – Пеколот, тоа се другите луѓе. Човекот прво постои, па потоа се определува. Во средиштето на егзистенцијализмот, кое се смета за недетерминистичко гледиште, човекот е битие кое е осудено на слобода. Или накратко, секој човек е слободен самиот да одлучи каков човек ќе стане или ќе биде. Човекот, со оглед на тоа што е човек, не може, според Сартр, да биде обземен од страсти или илузии. Имено, тоа не е можно токму заради фактот дека човекот е осуден на самиот човек.
Според Сартр, интелектуалецот мора да биде ангажиран, затоа што, не треба надеж за нешто да се преземе, туку треба да се дејствува. „Човекот се ангажира во својот живот, го исцртува својот лик, а надвор од тоа не постои ништо.“ Останува верен на себеси и на своите идеи. Тој секогаш ги одбивал признанијата посебно во 1964 кога своеволно ја одбил Нобеловата награда за литература, а бил нејзин прв лауреат. Официјалната порака од Академијата е величање го писателот за “неговото творештво, кое преку духот на слободата и побарувачката на вистината, употреби широко влијание врз нашата ера”.
Одбивање на Нобеловата награда и објаснение зошто ја одбива
Тогаш Сартр пишува писмо до Академијата, во кое објаснува зошто одбил: “Многу длабоко жалам што ова прашање заприлега на скандал: даваат награда, а некој ја одбива. Споменав две причини: лични причини и објективни причини. Личните причини се следниве: мојот одбивање не е чин на импровизација. Секогаш сум одбивал официјалните признанија.
Кога по војната во 1945 година ми беше понудено Редот на почесната легија, јас го одбив, иако имав пријатели во владата. На ист начин никогаш не сум сакал да влезам во “Колеџ де Франс”, како што ми предложија некои мои пријатели. Не е исто дали се потпишувам Жан-Пол Сартр или Жан-Пол Сартр, добитник на Нобелова награда “.
Единствениот проблем е што оваа награда не може да биде одбиена. Регулативата на Нобел не дава на лауреатот не му ја дава оваа привилегија. Во замена за тоа, академиците го задржуваат правото да одобрат или да не опуштат дотации. Значи во 1964 година Сартр не добива ветувања за чек за 273 илјади шведски круни, еквивалентни на 300 илјади евра денес, или околу 1 милион долари.
Една недела пред да биде награден, 59-годишниот Сартр, до кој достигна гласини дека е фаворит, испратил писмо на постојаниот секретар на Академијата, во кое пишувало: “Посакувам да не фигурирам во листата на можните лауреати”. Ова писмо сепак било отворено подоцна, но предоцна.
За време на студентските револуционерни штрајкови во Париз, во 1968 година, Сартр бил уапсен поради граѓанска непослушност, но претседателот Шарл де Гол го помилувал, велејќи дека: не може да го апсите Волтер.
По што сакал Сартр да биде запомнет?
Кага го прашале во 1975 година по што би сакал да биде запаметен, Сартр рекол: „Би сакал луѓето да ме памтат по „Тегобност“, „Без излез“, „Ѓаволот и Господ Бог“, потоа по моите филозофски дела, посебно „Критика на дијалектичкиот ум“, како и по мојот есеј за Генет … Ако бидат запаметени овие дела, тоа би било вистинско достигнување, и јас не би можел да побарам повеќе. Како човек, би сакал да ме запамтат по историската ситуација во која живеев, како живеев, во смисла на сите аспирации што се обидов да ги соберам во себе.“
Официјалната порака од Академијата е величање го писателот за “неговото творештво, кое преку духот на слободата и побарувачката на вистината, употреби широко влијание врз нашата ера”.
Причината за одбивањето образложена од Сартр
Тогаш Сартр пишува писмо до Академијата, во кое објаснува зошто одбил: “Многу длабоко жалам што ова прашање заприлега на скандал: даваат награда, а некој ја одбива. Споменав две причини: лични причини и објективни причини. Личните причини се следниве: мојот одбивање не е чин на импровизација. Секогаш сум ги одбивал официјалните признанија.
Кога по војната во 1945 година ми беше понудено Редот на почесната легија, јас го одбив, иако имав пријатели во владата. На ист начин никогаш не сум сакал да влезам во “Колеџ де Франс”, како што ми предложија некои мои пријатели. Не е исто дали се потпишувам Жан-Пол Сартр или Жан-Пол Сартр, добитник на Нобелова награда “.
Секој писател треба да има одредено гледиште околу признанијата и наградите, и свое право дали ќе ги прифати или одбие. Сартровата одлука била лично негова, без разлика како ние од денешна перспектива гледаме на истата. Повеќето би се согласиле дека можеби сепак требало да ја прифати, но тогаш тоа не би бил Сартр и немало да си ги испочитува сопствените уверувања во спротивно.
Нобеловата награда за книжевност е најпрестижната што може да ја добие еден писател, а многу истакнати и афирмирани книжевни творци никогаш не успеале да ја добијат, иако ја заслужувале.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.