Поезија

Вечна љубов, вечен Охрид

Прочитајте уште една првонаградена песна на конкурсот ,,Охридски бисер на поезијата”, што ни ја испрати поетот Никола Миланоски.

Тука си

заедно го дочекуваме денот што се раѓа

јас потонувам во занес од убавината твоја

што ми припаѓа,

тука е и рајскиот поглед на езерските

Охридски води со своето синило

небаре магија остро се внела

како нешто никогаш не минливо.

Охрид

безвременско е тоа чувство на твојата

топлина

од сите твои храмови со чудесен мир што

ни ја исполнуваат душата во целина,

ниту времето не ја збрчкало твојата

убавина

живее во секое делче на калдрмата,

чаршијата, црквите, бреговите…

живее и во секој од нас свети Климентовата оставина.

Чекориме покрај езерото држејќи се за рака

чувствувајќи го шумолот на ветерот

и трепетот на градот

опивајќи ме одблесокот на твојата

насмевка во езерските води.

Убавино Охридска

тука јас и мојата љубов

гледаме како небото се гали со езерските

води на зајдисонце,

не надлетуваат галебите

од езерото не поздравуваат лебедите

јас вратот ти го украсувам со бисерите

ти ми даруваш од сласта на усните

вулкански врелите.

Автор: Никола Миланоски

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје