Skip to content

Благослов

Ме гори душава од немање сон

Ме гори сонот зошто тогаш немам душа

Ми пламтат очите од немање спарен поглед

Ми пламти срцево од голем копнеж

Му кажав да дојде да го распламти сонот

Му кажав да ми ја разбуди душата

Ми подари небесен поглед

Mи подари огнена душа

Ме одведе во рајските сништа

Ме разнесе низ твоите ветришта

Те најдов во разулавените минати сеништа

Те најдов во заборавените огнени пепелишта

Ми кажа дека ти си сѐ по што копнеам

Ми кажа дека копнеам по твојот сон

Ми кажа дека копнеам по твојот поглед

Ми кажа дека само ти можеш да го разбереш мојот копнеж

По непознатото,

По вечниот благослов

Само не знам,

Не знам дали ќе ми го дадеш.

Напишете коментар