Македонска поезија Поезија

Постоиш ли?

Положи ги на терезија гревовите

Па со нив сплети судбина бројана

Но не крати од мерата

Нека таа, судбината одлучи за тебе

Истото стори го и со пороците

Еден по еден како воз теретен

Нека врват пред тебе

Ако солза надоаѓа, задржи ја

Тие говорат за животот проживеан

Лузните пак, не лечи ги

Остави, нека ги раскажуваат твоите

Приказни

Сетне биди среќен што,

Си бил дел од нечиј живот

Од својот живот

Од пулсот на градот и калдрмата вечерна

Од устата нечија која те прераскажува

Кажува за твоето постоење…

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје