Skip to content

Отплеткан крај

Ми протекоа два конци низ рацеве

Но не го завршија својот пат,

Не знам можеби и го знаев нивниот почеток

Но не го познавам нивниот крај

Кој беше осуден

Уште кога ги фатив,

Се замрсија во копче

И не можам да го отплеткам

Ми се расплетеа во прстиве

Ми навлегоа во крвните жили

Понекогаш ги стегаат

Крвта не стигнува до срцево

Се гушам од болка

Отплеткајте ги ве молам,

Ги замолувам сите мои божества

Не сакам да се вплеткувам во плетки

Не сакам да имам вакви глетки,

Но, сѐ уште се тука

И животот ми станал копче

И се тркалам низ улиците

Без да можам да го видам

Можам само да почувствувам

Дека ми се стега срцето

И не можам надвор!

Викам, но никој не ме слуша

Никој не знае каде ќе биде

Мојот отплеткан крај.

Напишете коментар