Камени солзи – Менче Кадинец

Како нешто да ми

трепти во срцево,

како нешто да ми го кине

на безброј парчина,

како нешто да ми ја

ранува душата,

како копје вперено

што ми го цица животот,

како игла која меша

во сржта на искреноста.

Како,те молам,кажи како?

Како да ја спречам оваа болка

која ме убива.

Како, те молам, те проколнувам

кажи како?

Воздишката ми се зеде

проголтав грутки камени солзи

Ми натежна,

МЕ БОЛИ!

Кажи

како да дишам,

да живеам…

РЕЧЕ ЧОВЕКОТ СО БОЛКА

ВО ДУШАТА.

Автор: Менче Кадинец

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?