Македонска поезија Поезија

Примрак

Живеам во време на примрак

Каде скромноста е зло

Лукавоста, среќа е да се има

Глупавоста е вообичаена

Поставена на пиедестал

Крута и валкана е љубовта

Смешна и трагична е искреноста

Доблеста гледам паѓа во јама

Додека зависта одново и одново

Се раѓа како зачната победа

Земи им ја среќата

Ќе те одминат без да приметат

Но ако им ја допреш омразата

Ќе те распнат и линчуваат до последен

Здив…

Ме боли неукоста раширена

Злобата всадена во секој

Ме боли и времето на примракот

Дур ја трошам чашава со темјаника

Пишувајќи за нив

За оние кои се сѐ само не

Доблесни

Среќни

Акални

Искрени

Оние кои знаат да љубат вистински

Се последните мохиканци

Згазени од првите и фрлени при маргините

Во ова време на примрак

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје