Зошто делата на Кафка се загодочни? Во оваа статија најверојатно ќе го дознаете одговорот. Франц Кафка се смета за еден од најважните писатели на германски јазик иако неговите дела честопати не е лесно да се разберат. Тие и после 137 години од неговото раѓање остануваат загадочни. Франц Кафка е роден на 3 јули 1883 г., студирал право и после студиите со години работел за едно осигурително друштво. Целиот свој живот го поминал во Прага. Тој таму никогаш не се чувствувал како дома. Потекнувал од еврејско семејство, припаѓал на чешкиот народ, негов мајчин јазик биле и чешки и германски. Така и пишувал – на двата јазика.
Иако дејството на неговите романи често се одвивала во Прага, Кафка никогаш не се служел со вистинската, реална слика на овој град од почетокот на 20-ти век. Напротив, во неговите дела, дејствата секогаш биле со една чудна, нереална атмосфера, додека протагонистите повеќе делувале како фигури од шаховска табла кои било возможно да се поместуваат во сите насоки, отколку како реални луѓе од крв и месо. Зошто Кафка така пишувал? Зошто неговите ликови секогаш одново ги изложувал во ситуации кои во реалноста немале никаква смисла? Многу од неговите читатели никогаш не добиле одговор на овие прашања.
Таков пример некојси лекар С. Волф веднаш после објавувањето го купил неговиот расказ „Преобразба“, го прочитал, но не разбрал речиси ништо. Очаен, Волф писмено му се обратил на самиот Кафка со зборовите: „Почитуван господине! Ме направивте несреќен. Ѝ го подарив вашето дело „Преобразба“ на својата роднина, но ниту таа како ни јас, не разбра ништо. Мојата роднина книгата ѝ ја позајми на нејзината мајка, но ниту таа немаше никакво објаснување. Само вие можете да ми помогнете. Затоа, морате, Вие ми го приредивте сето ова. Значи, кажете ми како да ѝ го објаснам на својата роднина вашето дело „Преобразба“?
Моќта на текстот
Поради што Кафка пишувал на така мрачен начин, а своите ликови ги изложувал на такви ситуации какви што во реалноста барем во буквална смисла, нема? Со ваквиот начин на пишување Кафка самиот себеси си го отежнал животот бидејќи со тоа спречил додека бил жив да стане познат автор кој ќе го почитува широката публика.
Германистот Томас Анз од Универзитетот во Марбург кој напишал труд на тема Кафка и неговите дела, смета дека Кафка е голем писател на апсурдот. Неговата затворена, загадочна книжевност, како што смета Анз, е одговор на сите тие нетранспарентни судски процеси или луѓе на положби, со кои се соочувале ликовите во романите од Кафка. Тоа важи пред сè за државните институции кои Кафка ги опишува во романите како што се „Процес“ или во расказот „Колонија на казнетите“. Во двете дела тој опишува беспомошност на поединецот пред анонимни моќи: цивилен суд во Процес и воен во Колонија на казнетите. Поради што се обвинети обвинетите? Ни тие не го знаат тоа. Таквата ситуација се нарекува кафкијанска.
Оригиналниот ракoпис од „Процес“
Модерни непријатности
Во текстовите на Кафка според Макс Браун – германист и водител на книжевен оддел, се одигрува нервозата на неговото време во однос на тогашните феномени на модернизација. Растот на градовите, новите превозни средства како железници т.е. пред сè автомобилите, новите техники за производство и сè позрела држава – тоа сè било ново и луѓето ги правело несигурни. Тој немир луѓето го чувствуваат до денешен ден.
„Авторитетите делумно се доживувани како закана, делумно биле исмевани. Сето тоа довело до одреден губиток на ориентацијата. Тие искуства се модерни кои се задржале до денеска, а кои еден писател како Кафка ги доловил на сјаен и извонреден начин“, вели Браун.
Пофалби за повеќезначност
Повеќезначноста која се провлекува низ делата од Кафка може да се објасни на уште еден начин, истакнуваат критичарите. Причината лежи во неговиот повеќезначен идентитет, кој е и карактеристичен феномен на модерната. „Кафка беше евреин, адвокат и писател. Кафка потекнува од Прага, беше и Чех и Германец.
А во таа повеќезначна мешавина од различни идентитети, да се бара оној Кафка кој ќе каже нешто јасно и еднозначно, секогаш ќе биде проблем. Сеедно, токму тој проблем ги прави неговите текстови така интересни. Ако тој проблем не би постоел, каде би била воопшто мотивацијата за да се чита Кафка?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.