Радио емисија

Слушнете ја 8-та епизода од Кулитерација со Јована Јаневска

Драги наши читатели и слушатели, со оваа осма епизода ја заокружуваме првата сезона од емисијата Кулитерација. Во осмото поглавје направивме една ретроспектива за она што го обработувавме во претходните епизоди, се потсетивме на сите претходни поглавја, односно дадовме краток опис што вие имавте прилика да слушнете и накрато кажавме наш заклучок од целото искуство.

Во вториот дел на големо задоволство имавме можност да си поразговараме со младата и талентирана писателка Јована Јаневска со која навистина има за што да се зборува.
Откако ја прашавме повеќе работи што ние сакавме да ги знаеме, но и за кои сметавме дека и другите треба да слушнат, на крајот од разговорот таа кажа дека ќе додели 5 копии од нејзината најнова книга неодамна излезена од печат „Записи“ на 5 среќни добитници. Дарувањето во вид на наградна игра го спроведовме на нашиот инстаграм профил @krajbrezje која траеше до 2.7 и веќе се дознати најсреќните.

View this post on Instagram

‼️🎉НАГРАДУВАЊЕ/ДАРУВАЊЕ🎉GIVEAWAY🎉‼️ 🔺Драги читатели и слушатели, како што најавивме во емисијата Кулитерација, во знак на вашата лојалност и поддршка, и за заокружување на првата сезона, благодарение на нашата гостинка @j.janevska, ви подаруваме 5️⃣ книги од нејзината најнова книга "Записи" која неодамна излезе од печат. 5️⃣ среќни добитници ќе добијат по 1 копија. Во тек е Кулитерација во која тече разговорот со неа токму во моментов. 🎙️🎧🎧 🔺За да бидете потенцијален добитник следете ги следниве чекори: ▪️следете нѐ нас @krajbrezje✔️ ▪️тагнете некој ваш/а пријател/ка и тој/таа треба да нѐ следи (може и повеќе за поголеми шанси) ✔️ ▪️следете ја авторката @j.janevska✔️ ‼️Наградната игра трае до 2.7 кога и ќе ги избереме добитниците по случаен избор! ❕Среќно на сите‼️

A post shared by Крајбрежје ✍️ (@krajbrezje) on

Во третиот дел, одевме со стандард рубриката „Вести од литературата кај нас и во светот“, при што ги прочитавме информациите што сметавме дека се најважни. Се одјавивме, и ветивме дека ќе се слушаме повторно во втора сезона, после летните одмори. Дотогаш, слушајте ги сите претхдони епизоди (поглавја), следете нѐ на социјалните мрежи и бидете во тек со нашите активности. Ветуваме квалитетно поминато време, каде и да одлучите да читате. Нема да ве разочараме.

На следниот плеер можете директно да ја ислушате осмата епизода:

Линкови до претходните поглавја:

Епизода 7
Епизода 6
Епизода 5
Епизода 4
Епизода 3
Епизода 2 и 1

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје