Лебед

Толку си грациозен чиниш принц

Што круна носи

И внимава да не му падне

И ја криеш својата љубов

Која несебично ја делиш

Со секој кој го сретнал твојот поглед

И не го допираш светот

Зошто не може водата да те налее

Почист си од нејзината бистрина,

Зошто не може темнината на гавранот да

Се доближи до твојата белина

Поблаг си од благоста на прошталната љубов

Зошто твојата љубов е безгрешна,

Побожествен си од Зевс кој во тебе се преобрати

Зошто знаеше, твојата заводливост е поголема од моќта

На неговата сила,

Поблагороден си од моралните великодостојници

Кои патат од своето самоволие,

Послободен си од слободата

Љубовта извира од твоето срце

И песната твоја е вечна инспирација за љубов

Без разделба како од бајковитите приказни

Кои блескаат во детските чисти срца.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!