Приметно и опуштено
Сецелно и препуштено
Ме придвижува фанкот
Пост работно на крајот
Траминецот ги буди
И последните виуги
Гори страста стара
За ритамот кој бара
Да сум сам со мислите
Далеку од сите
Џезовно и фанковно
Внесен тотално
Го следам вокално
Ритамот разигран
Посебно одбран
Како бавна предигра
И итра хидра
Се провлекува во вени
Изворно од божества земски
Нечујно преовладува
Та пресврт означува
А, допирот со јавето
Како блаженство
Ме навело
На уште една тура
Фанковна авантура