Литература Македонска поезија Поезија

Книги

Секогаш ги знаат и најмалите детали за оние кои постоеле,

Оние кои вистински постојат  и оние кои можеби ќе постојат,

Секогаш ги знаат мислите на оние кои ги читале,

Оние кои вистински ги разбираат и оние кои можеби ќе ги разберат,

Секогаш треперат под рацете на оние кои ги пишуваат

На оние кои ги склопуват и книговезуваат ,

Секогаш ги впиваат очите на оние кои ги впиваат со својот поглед

Ги голтаат со своите очи или ги прелетуваат во еден миг,

Понекогаш остануваат да бидат вечна љубов

Понекогаш нѐ навраќаат во оние денови кога не сме знаеле за ништожност

Понекогаш нѐ носат во некои ништожни соништа каде нема светлина и надеж,

Тогаш знаеме што е вистинска љубов

Тогаш знаеме што е детство

Тогаш знаеме што е болка.

Тие се нашата  љубов, нашето детство, нашата болка.

Тие се нашите книги.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје