Правила за среќни односи во животот кои го олеснуваат секојдневието. Иако се наречени “правила“ мора да нагласиме дека постојат уште многу други филозофии на живеење кои луѓето можат да ги следат. Прочитајте ги во продолжение правилата што ги одвоивме.
Правило број 1 – Привлекуваме слични на нас
Во животот привлекуваме личност каква што сме самите ние. Секогаш треба прво да погледнеме во својата душа, да се запознаеме себеси за да можеме да делиме љубов.
Правило број 2 – Она што го даваме тоа и го добиваме
Го даваме она што го добиваме. Секогаш треба да се однесуваме како што би сакале другите да се однесуваат со нас.
Правило број 3 – Љубовта е неопходна
На сите нас ни е потребна љубов. Љубовта означува прифаќање, искреност, нежност и грижа. Манипулацијата, контролата, очекувањата немаат никаква врска со љубовта.
Правило број 4 – Моќта на зборовите е огромна
Секој збор, секоја реченица, поседува одредена моќ. Има моќ или да повреди или да направи еден човек среќен. Зборот може да убие, а може и да исцели. Треба да се внимаваме што говориме.
Правил број 5 – Довербата е важна
Довербата е животно важен елемент.
Правило број 6 – Иксреноста и љубовта се како билки
Искреноста е неизоставен дел. Љубовта не е статична. Таа е како билка која ќе расте и ќе цвета, или како билка која ќе овене и ќе умре. Сè зависи од тоа како постапуваме со неа.
Правило број 7 – Љубовта е како бумеранг
Да сакаш, значи да подаруваш дел од себе без очекувања. Љубовта е како бумеранг. Таа секогаш се враќа. Ние не ја губиме љубовта кога ја подаруваме на другите. Единствено ја губиме кога не ги сакаме другите.
Правило број 8 – Кога некого сакаме мора да му дадеме слобода
Кога сакаме некоја личност, мора да ѝ дадеме слобода. Слобода да донесува свои одлуки, да живее слободно, онака како што таа личност сака. На секој му е потребен личен простор. Ако навистина сакаме некој, потребно е да ги почитуваме неговите желби, барања, љубов.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.