Литература Македонска поезија Поезија

Сé е поезија

Сé е поезија, дури и твојот немир,

Сé е поезија, дури и и твојот сон,

Сé е поезија, дури и мојот допир,

На нештата што се случуваат без разум,

На нештата што се случуваат без инспирација,

На сé она што го чувствува срцето,

На сé она што го гледа погледот,

Сé е поезија, дури и мојот допир,

Секоја твоја инспирација,

Секоја твоја помисла,

Секоја нова сончевина,

Секоја нова дневнина,

Секоја нова затемнина,

Секоја нова творевина,

Секое ново зајдисонце,

Секое ново изгрејсонце.

Светлината во очите на заљубените,

Темнината во очите на омразените,

Опачината на лагата,

Болката на вистината,

Светлината на Месечината во мракот,

Темнината на Сонцето во замракот,

Насмеаните лица на заробениците,

Смуртените на поробениците,

Божјиот мир

И ѓаволестиот немир,

Кралскиот указ

И дворскиот наказ,

Целиот живот

И целата смрт.

Секоја љубов

Секоја разделба

Сé она што го оставаме на светов

Сé она по што ќе не памети веков.

Similar Posts

One thought on “Сé е поезија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје