Со љубопитност ги набљудувам
рипките во аквариумот
што везден кружно пловат.
Знам, оти к’о нас
и тие талкаат
та запираат за миг
и повторно во круг
катаден низ концентричноста се маткаат,
ја сечат,
па угоре гледаат-
жедно ил’ желно,
несвесно минувајќи низ кружниците
за час,
барајќи спас
од вртлогот на секојдневието.
Ирена Белешковска, Крива Паланка