
Благодатта ја имаше во срцето ,
Стана милосрдна
Стана блажена
Стана макотрпна,
Прими вечна слава,
Во даровитоста ја пронајде својата животна цел
Мисијата да помагаш на бедниците
Ти беше одредена од Бога,
Знаеше дека светот
Е гладен за љубов
А не за леб
Лебот го наоѓаат и неверниците
Но љубовта е предодредена за божјо – праведниците,
Знаеше дека вербата е важна,
Повеќе од трудот,
Името го зема на белиот цвет од Нормандија
Тереза од Лизије ,
Твоите чуда продолжуваат
Да не зачудуваат
Светоста твоја
Не просветлува
И ги просветлува сите кои веруваат во тебе
Оние кои со молитва допираат до твоето срце.
Дарувај нѐ со твојата милост,
Биди наша заштитничка
И учи нѐ да бидеме милостиви
Со твојата благодат.