Занимливости и информации

Антон Павлович Чехов еден од најголемите руски писатели кој прерано го завршил животот

Антон Павлович Чехов бил руски писател и лекар. Роден е на 29 Јануари 1860 г во Таганрог во Русија, а починал на 15 јули 1904 во Баденвајлер. Пишувал кратки хуморески, новели и приказни, а славата ја стекнал пишувајќи делови од театарски претстави и драми од кои најпознати се „Галеб’, „Вујко Вања“, „Три сестри“, и „Вишновата градина“. По професија бил лекар, но книжевноста му била страст, па од таму доаѓа и неговата изјава дека медицината му е законска сопруга, а литературата љубовница. Починал на само 44 години, а за тој период напишал 17 драми и околу 600 раскази, и се смета за еден од најголемите новелисти на европскиот реализам.

Неговиот татко Павел Егорович Чехов бил трговец, а мајка му Евгенија Јаковлевна Морозова исто така била ќерка на трговец. Во 1855 година, по завршетокот на Кримската војна го добиле нивниот прв син кого го нарекле Александар. Вториот син Николај роден е четири дена подоцна, а после него наредната 1960 година се родил Антон. Наредната година го добиле четвртиот син Иван, а две години подоцна родено е првото девојче во семејството која ја нарекле Марија Маша. Во 1865 година на свет стигнало уште едно момче наречено Михајло Миша. Многубројното семејство Павел го хранел работејќи како трговец. Успеал да собере доволно пари за да отвори работилница во која работеле неговите синови. Таткото бил исклучително строг кон нив, така што сликата која ја запаметиле жителите на Таганрог за него била дека тој бил побожен и вреден човек, сепак била погрешна. Напротив, сите членови на семејството, вклучувајќи ја и Евгенија редовно добивале ќотек. Единствена светла точка во нивното детство биле приказните кои им ги раскажувала мајка им Евгенија и дружењето со вујкото Иван, кој според сè бил многу интересна личност. Иван говорел неколку јазици, свирел четири инструменти, сликал и цртал, поправал часовници и слично.

Антон во 1873 година, првпат изгледал театарска претстава и целосно се воодушевил. Љубовта кон „штиците што живот значат“, се случила на прв поглед. Затоа со браќата направил семеен театар и подготвувал претстави за родителите и комшиите. Љубовта спрема повикот која подоцна ја избрал се случила две години подоцна и тогаш кога на излет со школските другари „заработил“ воспаление на стомачните мускули. Негата којашто му ја давал лекарот му годела, па и самиот посакал да им помага на луѓето на ко им е неопходна помош. Момчињата работеле во работилницата на татко им, а напоредно и се школувале. Антон Павлович одел во грчко училиште, но поради неразбирањето на јазикот тешко се вклопил. Оценките му биле многу лоши, па повторувал едно одделение. После завршеното основно школо се запишал во гимназија во Таганрог. Постарите браќа Александар и Николај поради несогласувањето со таткото го напуштиле семејниот дом и се отселиле во Москва. Целиот товар од сиромаштијата и татковиот незгоден карактер го поднел Антон кој во тој момент станал најстариот син во семејниот дом. Спасот го наоѓал во уредување весници кои ги основал со браќата пред да се отселат. Станувало збор за своевидна хроника за случувања и луѓето во места кои биле толку популарни што многумина едвај чекале да се појави нов број. Во меѓувреме таткото поради градење на куќата дигнал кредит кој не можел да го врати. Од страв дека ќе го пратат во затвор сред ноќ избегал во Москва кај синовите, а грижата за кредитот и сè друго им ја оставил на Антон и Евгенија. До 1876 година целото семејство се преселило во Москва, а Антон останал сам во Таганрог. Морал да го заврши училиштето и да го распродаде преостанатиот имот кој татко му и мајка му го оставиле зад себе. Им држел часови на деца од богатите жители, а сите заработени пари им ги праќал на неговите во Москва. Работел, се школувал и многу читал. Одредени историчари тврдат дека во тој период ја напишал драмата „Без татко“ која никогаш не е објавена и за која се смета дека Чехов самиот ја запалил. По завршетокот на гимназијата и тој отпатувал во Москва со намера да заврши медицина и да им помогне на своите родители. Желба му била еден ден да се врати во родното место и да помогне во неговиот развој. Своето ветување подоцна го исполнил, па многу посетители сметаат дека целиот Таганрог е еден голем споменик на Антон Павлович Чехов.

Животот во Москва

Чехов успеал да се запише на медицински факултет и да добие стипендија која речиси цела им ја давал на родителите, а самиот живеел во дом. Големиот град и големите промени не му годеле на младиот Антон, а студиите не биле она што тој ги замислувал. Покрај тоа, во 1884 година успеал да ги положи сите испити, но не го предал дипломскиот труд. Затоа на името никогаш не му стоел префиксот „д-р“. Набрзо почнал да специјализира во болница недалеку од Москва и пракса во Звениград. За да заработи пари се сетил на идејата своите текстови да им ги испраќа на московските списанија. На почетокот го одбивале, а првата негова приказна ја објавило списанието „Вретенце“  Во текот на две години „Вретенце“ објавил речиси 130 кратки приказни од Чехов. Меѓутоа, тој не се потпишувал со вистинското име туку како „Докторот кој ги изгубил пациентите“, „Човек без слезинка“, „Брат на мојот брат“, „Одисеј“, „Антонш“, т.е. „Антонш Чехонт“. Текстовите почнал да ги испраќа на списанијата „Будилник“ и „Спектатор“ Упорноста и големиот талент не останале незабележани во книжевните кругови од тоа време, а пресвртен момент се случил во 1882 година. Тогаш го запознал Николај Александрович Лејкин, угледен писател, издавач и уредник на списанието „Фрагменти“. Почнал да пишува колумни за животот во престолнината која московјаните брзо ја засакале. Во тој период ја напишал драмата „Платонов“ која е објавена две децении после неговата смрт во 1923 година. Истата, 1884 година се задолжил за да ја објави својата прва книга „ Сказните за Мелпомена“ збирка од шест раскази. Отпечатил 1200 примероци, критичарите ја фалеле, но продажбата била слаба што може да се оправда со фактот дека е објавена под псевдоним „Чехнот“, дотогаш непознат на московските читатели.

Пишувал и работел во болница, но лекувањето не им го наплаќал на сиромашните. Сето тоа влијаело на неговото кревко здравје, па во декември 1884 година почнал да чувствува сериозни симптоми на туберкулоза. Покрај своето медицинско знаење, одбивал да признае дека боледува од оваа лоша болест, и не сакал да го промени начинот на живот, повеќе да се одмара, па дури и да му каже на семејството што му се случувало.

Основачот на списанието „Ново време“ Алексеј Суворин му понудил да пишува за неговото списание, а набрзо станале и добри пријатели. Во време на најголемата пандемија на тифус лекувал луѓе во Москва, а напоредно со тоа напишал некои значајни приказни како „Престапник“, „Ловец“ и „Беда“. Во 1886 година ја објавил книгата „Одбрани раскази“ на чиишто корици за првпат се појавило неговото вистинско име. Читателите во Москва биле воодушевени, критичарите помалку, но жителите во Петроград со радост го прифатиле новото дело на младиот писател.

Следната година ја објавил новата збирка под наслов „Во самракот“, а во 1888 во книжарите се појавила приказната „Степа“. Истата година го напишал првото театарско дело наречено „Медвед“. За да се одмори од пациентите и од пишувањето, отпатувал прво во Лука во Украина, а потоа во Етос, Тбилиси, Баку и Батум. На патувањето ги „наполнил батериите“, но со враќањето во Москва се вратила и болеста. Делата му се објавувани во угледните весници „Северен гласник“, а во октомври 1888 година ја добил престижната Пушкинова награда. Претставата „Иванов“ што ја напишал Чехов била голем хит во Москва. Товарот од славата кој секој ден бил сè поголем му паѓал сè потешко. Затоа се посветил на помагање на болните и сиромашните. Испраќал пари, храна и книги во родниот град т.е. собирал помош за сиромашните места ширум Русија. Смртта на постариот брат Николај кој боледувал од туберкулоза го скршила Чехов, но спасот го наоѓал во работата. Во 1889 година ја објавил „Досадна приказна“, и збирката раскази „Деца“, а потоа наредната година излегла и неговата седма збирка насловена „Мрачни луѓе“.

Чехов со семејството

Аскетство во Сахалин и раскошот на Европа

Во пролетта 1890 година отпатувал на сибирскиот остров Сахалин која била колонија на заробеници. Се дружел со затвореници и пишувал за сè што го опкружувал. Бил шокиран од условите во кои живееле луѓето таму, а после три месеци го напуштил Сахалин ветувајќи дека сè ќе направи за да им помогне. Од ова искуство настанал и социјалниот роман „Островот Сахалин“ кој излегувал во продолженија. Изморен од патувањето во Сибир и сè што видел таму одлучил накратко да отпатува во Европа. Заминал во Виена, Венеција, Фиренца, Рим, Париз , Монако и Ница. Од сибирските и европските авантури настанала и приказната „Двобој“.

Мелихово и Јалта

Во почетокот на 1892 година купил имот недалеку од Москва каде што се преселил со семејството. Од запуштениот имот создал прекрасна селска идила, помагал и ги лекувал мештаните, ја уредувал градината која сам ја посадил. Работел и пишувал многу, а болеста сè повеќе напредувала. Во 1894 година почнал да ја пишува драмата „Галеб“ кој првпат е изведена во 1896 година. Покренал градење на училиште, пожарна станица и црковна камбанарија во Мелихово. После избивањето на епидемијата од колера повикан е во Москва за да им помогне на останатите лекари да се грижат за сите пациенти. Освен тоа, собирал и донации, купувал лекови и ги научил селаните како да го спречат ширењето на болеста. Поради лошата здравствена состојба отпатувал во Ница , но и таму не се задржал туку набрзо се вратил во Мелихово. Купил имот на Јалта каде што завршил две театарски претстави „Вишновата градина“ и „Три сестри“. Живеел на релација Јалта-Москва-Петроград. Во 1889 починал неговиот татко, а тој авторските права на своите дела ги продал за 75 илјади рубљи на познатиот издавач A.P. Marx за да ја осигура иднината на неговата мајка и сестра. Овде не запрел, туку продолжил да гради училишта на Јалта.

Театар, брак и смрт

Во Московскиот уметнички театар ја запознал младата глумица Олга Леонардова Книпер. Олга била убава и интелигентна, а освен дарбата за глума поседувала извонреден талент за музика и сликарство. Го посетила во Јалта и одма се заљубила така што доста често, после пробите и претставите во Москва патувала на неговиот имот. Се венчале во мај 1901 година. Болеста напредувала сè повеќе, па истата година отпатувал во Швајцарија на лекување. Животот со Олга бил сè што сакал, живеела во Москва и редовно го посетувала на Јалта. Следната година забременила, но го изгубила бебето. На имотот го напишал и едно од неговите најпознати дела, драмата „Дамата со кучето“. Пред смртта успеал да ја заврши драмата „Вишновата градина“, а премиерно е изведена почетокот на 1904 година и тоа под продуцентска палка на самиот Чехов. Намерата на организаторот била токму со оваа прослава да се прослави роденденот на писателот и 25 годишнина од работењето. Сето ова довело тој да се исцрпи и одлучил да го послуша советот од лекарот за да замине на лекување во Берлин. Станал целосно свесен дека наскоро ќе умре, затоа и им го поделил имотот на Олга и останатите членови на семејството. Лекарот во Германија го потврдил неговиот сомнеж дека му се ближи крајот, па со Олга отпатувал во Баденвајлер. Таму малку закрепнал, но повеќе не пишувал бидејќи не сакал да пишува во странство. Во писмата кон мајка му и сестра му пишувал дека се чувствува подобро, дека му се вратила силата, т.е. дека ќе се врати на Јалта откако ќе ги посети Италијанските езера. На први јули во два наутро состојбата му се влошила, па Олга го повикала лекарот. Наместо боци со кислород побарал шампањ. Испил шолја шампањ, се спуштил на креветот и издишал. Неговото тело со воз е пренесено во Москва, погребан е покрај татко му на гробиштата во Москва. Погребот поминал без многу бука баш како што сакал писателот.

Значење

Иако умрел прерано и тоа на врвот на својата творечка сила Чехов бил еден од најважните руски писатели. Неговите дела се препорачуваат на бројни светски универзитети, а многу од нив доживеале своја филмска и телевизиска верзија. Неговата сестра Марија маша го основала Чеховиот музеј на Јалта и ги донирала неговите работи во родениот Таганрог. Остатокот од животот го поминала во зачувување на книжевниот опус на нејзиниот брат.

Во 2009 година, македонскиот писател Ненад Јолдески го објавил расказот со наслов „Чехов и педалинката“.

Библиографија:

  • 1880 – започнува литературната дејност на Чехов; Во списанието „Стрекоза“ (бр. 10 се појавуваат првите печатени текстови на Чехов под псевдонимот Антоша Чехонте. Објавува – кратки раскази, сценки,хуморески во списанијата „Гледач“, Будилник“ и др.
  • 1884 – „Сказните за Мелпомена“ (раскази)
  • 1886 – соработува со издавачот Суворин и објавува во весникот „Ново време“, со полно име и презиме
  • 1886 – „Одбрани раскази“
  • 1887 – „Невини зборови“ (раскази)
  • 1887 – на сцена се поставува пиесата „Иванов“
  • 1887 – „Во самракот“ (раскази) – за неа добива половина од Пушкиновата награда
  • 1887 – „Тмурни луѓе“ (збирка раскази посветена на Петар Илич Чајковски)
  • 1889 – ги напишал „Досадна приказна“ и пиесата „Леши“ (откако ја преработил и дал наслов „Вујко Вања“ од тој период се и повеста „Степа“, водвилјите „Мечка“ и „Лебедова песна“ и повеќе од сто раскази
  • 1890 – „ По Сибир“ – есеи
  • 1890 – „Островот Сахалин“ – есеи, „Гусев“, „Во прогонство“, „Расказ за непознатиот човек“, „Убиство“
  • 1891-92 „Жена“ – расказ
  • 1892-98 – Мелиховски период, напишани се делата:„Павилјон бр. 6“, „Човек во лушпа“, „Бабјо царство“, „Случај од праксата“, „Јонич“, „Гускино грозје“, големиот „селски циклус“ во кој спаѓаат „Селани“, „На лицитација“, „Нова дача“, „По службена должност“, повеста „Три години“, пиесите „Чајка“(1894) и „Вујко Вања“
  • 1901 – „Три сестри“ – драма
  • 1904 – „Вишновата градина“ – драма

Извор и Извор.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје