Вашиот глас Литература Проза

За син ми – Анастасија Лефкоска

Нека не те плашат сине. Ти знаеш од чија душа си дел и за што треба да се бориш. Нека не те плашат сине оние што шират омраза, ти на нив, удри само со љубов, насмеано онака како што те учев. Ќе има и такви сине, ќе ти зборат дека другите не чинат, дека не се нормални, дека вреѓаат светци и богови, сослушај ги сине а потоа, насмеј им се онака чисто исто  како што мене ми се смееше кога те растев, прашај ги тогаш сине, дали се среќни, прашај ги што е тоа што во нив  толку ги боли па мораат да уништуваат и туѓа среќа. Ќе те плукнат сине, ќе пробаат да те замолчат, да ти го извалкаат образот само за да го направат ко нивниот, тие луѓе сине, се плашат да живеат во сопствената мизерија па затоа влечат и други со нив, само за да не умрат сами, само за кога ќе стигнат горе да имаат алиби за гадостите што ги правеле.Ќе ти речат немој со него, различна вера не оди за другарство, ќе ти речат немој љубов, не постои, барај колку деца да имате саглам, да крстиш едно две, колку сам да не останеш на старост, ќе зборат комшиите ќе те срамат низ град, ама ти сине немој да ги слушаш, со другарот и после дваесет години расти ги децата твои и неговите сакај ги исто ко твоите, најди љубов сине, сакај кого сакаш, само вети ми дека ќе бидеш среќен, дека од љубов ќе направиш семејство исто ко нашето, па нека зборат, нека трубат сине мој, секое чудо за три дена, ти биди ми само среќен, биди ми насмеан сине, биди ми ти, а тие што ќе зборат остави ми ги мене, знам јас како со нив. Зошто и мене ко и тебе пробаа да ме исплашат сине ама не им успеа, затоа сине, затоа е писмово. За да не те плашат, сѐ додека во љубов веруваш не можат да те победат.

Автор: Анастасија Лефкоска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје