5 хаику песни инспирирани од новата реалност

 

1.

Затворен умов

Во екран светол стана

Мрачен лавиринт..

2.

Хибернација-

Затворен простор без дух

Нема живот.

3.

Дезинфекција-

Стерилен живот без вкус

Нема ни мирис.

4.

Затвореноста

На телата е проблем

И на душите.

5.

Замаскираност-

Не се знае дали е

Смев или плач.

Автор: Маја Д. Малиновска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?