Skip to content
Мисли и цитати
- Чудно е колку малку е потребно да бидеме среќни, и уште почудно: колку често токму тоа малку ни недостасува! – Иво Андриќ
- Вистинската тајна на среќата е во тоа многу да бараме од себеси, а малку од другите. – Алберт Гињон
- Последната скала на злата среќа воедно е прва за добрата среќа. -Карло Доси
- Држи ја среќата како птица: што понежно и полесно! Ако се чувствува слободна, со задоволство ќе ти остане во раката. – Фридрих Хебел
- Како луѓето можеме да ги направиме среќни ако не ги направиме морални и мудри? – Кант
- Не отпуштај ја стрелата која не се враќа! Лесно е да се разурне среќата, а многу е тешко да се врати. – Хедер
- Среќата е содржана во карактерот на човекот. – Махабхарата
- Среќен е човекот кој со задоволство се пронаоѓа во будењето, се препознава таков каков што сака да биде. – Валери
- Што е среќата? Да се знае да се сака и страсно да се покажува тоа. – Фелисиен Марко
- Го промашив своето занимање и тоа животот ми го направи среќен. – Никола Пашиќ