Вљубена

Ми фалат моите музи,

За да ја пофалат твојата убавина,

За да напишам песна,

За да испеам стихови

Кои ќе ќе ја пофалат твојата нескротлива нарав,

Ми фалат моите музи

За да ја добијам мојата инспирација

За новото дело

Наречено Незаборав,

Ми фалат моите музи

За да ме одведат во твоите сфери

Каде ќе ме скротиш

Со твоите очи,

Ми фалат моите музи

Да засфирам на харфата на Орфеј

И да завладеам со подземните сфери

Да те скротам со песна

За да ти кажам дека те љубам

Со јазикот на поетите,

Со јазикот на вљубените.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?