Душа, тело, ум Проза Психолошко катче

Во свет каде можеш да бидеш сè што сакаш, избери да бидеш љубезен

Авторката Стефани Ридс, повторно нè потсетува што е фундаментално во нашите животи. Како на пример љубезноста. Љубезноста, што денеска се потценува. Гест кој сè повеќе излегува од мода, за жал:

Љубезност. Мал збор, со многу големо значење.

Љубезноста е една од најневредуваните работи во денешниот свет. Бесплатно е. Буквално не ве чини ништо за да бидете љубезни кон другите, а љубезноста отвора многу врати, ви ги проширува хоризонтите и ве прави подобра личност. А сепак луѓето не го практикуваат тоа. Светот од ден на ден, како што времето минува, се претвора во многу студено место, каде нема љубезност.

Денеска скоро никој не ја знае вистинската вредност на љубезноста. Таа подадена рака и срце полно со разбирање можат да направат многу. Една насмевка може да промени нечиј ден.

Вистина е. Луѓето кои веруваат во љубезност се навистина малку во денешно време. Но тие постојат. Тие се реални. Јас верувам во љубезност!

Понекогаш може да се почувствуваш како ти да си слабиот. Како ти да си черга на која сите газат. Но размисли за тоа. Ти си одбрал да сакаш. Да ги сакаш дури и луѓето кои те мразат, кои те повредиле. Тоа не е слабост. Тоа е сила драги мои.

На крајот сите ние имаме лоши и добри страни во нашите души. Она по кое се разликуваме е нашиот избор. Тоа сме вистинските ние. Тоа што ќе го избереме. Добрата или лошата страна…

Се надевам дека ќе одбереш правилно…

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје