Skip to content

Свет убав како бајка – Ненад Џамбазов

За најмалите издвојуваме една песничка од македонскиот автор Ненад Џамбазов. Песничката е извадок од неговата збирка песна насловена „Да нема војни“.

Секоја улица чиста,
како девојче блиста,
дрворедите млади
се нејзини зелени гради.

Секоја улица бара,
да не се валка и шара,
со денови е болна,
кога со смет е полна.

Секаде ѓубре се фрла,
градовите станаа трла,
фабриките отрови чадат,
воздухот чист го крадат.

Како детето мало,
што сака да се гали,
секоја улица сака
со чистота да се фали.

Тогаш светот ќе биде
убав како во бајка,
така ми вели везден,
мојата мила мајка.

Напишете коментар