Проза

Бори се за она што го сакаш

,,Зарем миселеше дека светот е фер? Зарем мислиш дека во најмала рака светот е фер кон сите драга?”
Таа молчеше. Веќе не беше до толку наивна за да очекува една шака правда во овој искривоколчен свет.
,,Не очекувам секогаш да биде фер. Но јас ќе се борам. Како што и отсекогаш сум се борела за она што го сакам”, рече иако болката ѝ пулсираше длабоко во срцето. Посакуваше да биде поинаку.
,,Не е готово. Сè уште не е”. Се насмевна и ги стисна дланките во тупаница.
Возрасната жена што седеше до неа се закикоти. ,,Тоа е моето девојче. Тоа е мојот борец. Спротивстави се на сè она што не е во ред. Не се покорувај пред тешкотиите. Зборувај и кажи го своето мислење. Крши ги правилата кога сметаш дека тоа е потребно затоа што понекогаш тие се само апсурдни фрази, шега, а не карта за успех. Јас верувам во тебе. Кога ќе се измориш од борба, кога ќе сакаш да се одмориш, ќе те чекам. Како стара куќарка крај река. Ќе те чекам со раширени раце”, рече и ја прегрна.

Taа полека ги избриша солзите што упорно се тркалаа по нејзиното лице.                                     ,,Поразот е тешка работа. Ти предизвикува горчина во устата. Ги убива пеперутките на соништата во стомакот и предизвикува мачнина во желудникот. Има амбиции да ја убие надежта во тебе. Да ја порази, да ја уништи. Има тенденции да те покори. Да те убие, да го убие човекот во тебе. Да го отруе сето она во кое се надеваш. Може да те направи бездушен човек кој коси сè пред себе во негативна смисла. На тебе е дали ќе го дозволиш тоа. Затоа немој да дозволиш неуспехот да те порази драга. Победи го. Бори се. Мораш крвнички да се бориш за она што го сакаш. Ме разбираш ли? Со сета сила во тебе. Со секој атом на сила девојче мое. Мораш да му се спротивставиш на неуспехот и со успех да го победиш. Мораш да веруваш во себе”, рече таа.

Кимна со главата и се насмевна. Погледна кон небото. Во нејзините сини очи оживуваа длабочините на океанот. Таму беснееја еден тон емоции. Но таа беше играчот. Таа ќе ги скроти чувствата. Сфати дека неуспехот не е крајната дестинација. Впрочем како велат: ,,Не е крај ако не е сè во ред бидејќи обично само на крајот сè е добро. Сè е онака како што треба да биде.” Што значи дека тоа не беше крај. На може да бидe крај сè додека таа не одлучи. А надеж има. Ох, има сè додека ние самите не ја убиеме. Сè додека ние самите не ѝ ја ставиме јамката околу вратот.

Автор: Викторија Саздовска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје