Душа, тело, ум Психолошко катче

Ментално патување низ времето: Што покажале некои истражувања?

Се смета дека времето не е апсолутен концепт туку предмет на перспективата од набљудувачот. Во рамките на едно истражување за времето се вели дека туѓото доживување на времето не може во целост да се разбере, но постојат начини за научно и нумерички да се измери.

Менталното „патување низ времето“ подразбира можност за присетување на сопственото минато и замислување на сопствената иднина, но неутралниот механизам кој стои во основата на овој феномен, па и воопшто во доживување на времето, не е целосно разјаснет.

Постојат настани во нашите животи за кои ни се чини дека се случиле одамна, но постојат и онакви кои се случиле во исто време, а сепак ги доживуваме како да се случиле „вчера“. Се претпоставува дека карактеристиките на случувањата, вклучувајќи и колку тие биле значајни, емотивни, но и колку се навистина временски далеку – влијаат на нашето субјективно поимање на тоа кога се случил одреден настан.

Една студија се однесувала на истражувањето како луѓето го концептуализираат временскиот период помеѓу “сега“ и одредени случувања. Основната хипотеза била дека бројните други случувања помеѓу целниот настан и сегашниот момент влијаат на нашата перцепција на времето. Студентите биле испрашувани дали се сеќаваат на денот кога ја примиле веста дека се запишани на факултет или за нивниот положен приемен испит.

Од друга група студенти било побарано да се сетат на конкретно случување кое било предизвикано со запишување на факултет – на пример, подигнување пари за школарина или купување на маички со логото на универзитетот, додека од другата група било побарано да се сети на четири такви случувања. Потоа од сите нив е побарано да проценат колку време поминало откако ја добиле веста дека се примени, но не се работелo за прашањето за процена на реалното време каде што точниот одговор би гласел на пример деветнаесет месеци или нешто слично. Прашањето се однесувало на нивна процена, според нив колку време поминало на скала која имала неколку степени, од многу далеку до многу блиску.

Резултатите покажале дека студентите добиле писма отприлика во исто време, но нивното субјективно чувство било различно. Очекувано, оние кои се потсетувале на четири случувања оцениле дека поминало повеќе време отколку оние кои се потсетувале само на едно случување. Немало разлика кај луѓето кои се потсетувале на неповрзани настани, на пример, вести. Значи, за да можат да влијаат на процена на времето случувањата мора да бидат поврзани. Резултатите биле значајни дури и кога останатите фактори биле држени под контрола, како на пример колку емотивен бил моментот на добивање потврда за прием.

Перцепцијата за време е поврзано со тоа како се однесуваме спрема животот и иднината. Да речеме, фокусирањето на трауматично искуство допринесува за полошо разбирање на моменталните околности што ѝ се случуваат на една личност. Временската дезинтеграција во моментот на траумата во која сегашниот момент станува изолиран од континуитетот на време и простор, подоцна допринесува за таканаречената “временска ориентација за минатото“. Некои истражувања покажуваат исто така дека депресијата влијае на нашето доживување на времето. Таканаречениот ефект од депресивниот реализам кој подразбира луѓето кои страдаат од депресија ги перципираат работите, па и концептите како што е времето, на пореалистичен начин од луѓето кои немаат ваков проблем.

Од друга страна не е јасно дали доживувањето на времето е единствено кај една особа или се работи за одвоени невронски механизми кои под одредени околности можат да се разделат. Стетсон и соработниците се занимавале со лаичка претпоставка дека “кога сме во опасност, времето застанува“, и добиле заклучок дека испитаниците навистина го проценуваат временското траење на слободниот пад на висина од 31 метар за 36% подолг отколку што тој навистина траел. Меѓутоа, резултатот од истражувањето покажува дека субјективното доживување на испитаниците дека застрашувачкиот настан траел бескрајно долго не е последица на нивната перцепција на времето туку на помнењето на испитаниците. Всушност, потсетувањето на настанот прави да се сеќаваме дека тој траел подолго отколку што е објективно случен. Авторите ова го објаснуваат со вклученоста на амигдалата во процесирање на емотивното доживување вклучувајќи го и стравот, а не дисторзиите во доживување на времето.

Токму од ова, во последно време во студиите се комбинираат различни техники како електрофизиологија, психофизички мерења, ЕЕГ и функционална магнетна резонанца. Времето значи останува мистерија, но науката не престанува да се обидува да го сфати – на крајот на краиштата важно е да разбереме нечија перцепција на времето за да го разбереме самиот човек.

Прочитајте ја и оваа статија поврзана со времето.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје